еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Времето денеска облачно со повремен дожд, за викенд пораст на температурите

Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, најпрвин во западните, а потоа и во останатите подрачја.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, во попладневните и вечерните часови ќе има врнежи на повеќе места.

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно, попладне и во текот на ноќта се очекуваат врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 18 степени.

Во петок во текот на денот облачноста ќе се намали и врнежите ќе престануваат. Додека за викенд, односно во сабота следува период на стабилно време со пораст на дневната температура.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Еден од убиените при грабежот во казиното „Вегас“ е македонскиот борач Нуиши

Редакција

(Фото) Вицепремиерот Маричиќ и министерката Тренчевска на Парадата на гордоста

Редакција

Закана за општата безбедност: Околу 40.000 нерегистрирани и неосигурени возила активно се вклучени во сообраќај

Редакција