На 20.08. 2018 година во 09.30 часот на улицата „Партизанска“ во Кавадарци, патничко возило „Форд“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Л.С.(41) од Кавадарци, удрило во пешакот Р.П.(71) од Кавадарци, соопшти МВР.
Од ударот пешакот се здобил со тешки телесна повреда и по укажаната лекарска помош бил задржан на лекување во Општа болница Кавадарци. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кавадарци.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.