еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

На граѓаните од реон од Центар во Скопје нема кој да им ја носи поштата, бидејќи поштарот си дал отказ

Реон од централното градско подрачје на Скопје останал без поштар, бидејќи си дал отказ, а граѓаните се приморани лично да одат до Пошта за да си ги подигата писмата.

„Сметки веќе не стигаат по Пошта низ дел од Центар, бидејќи поштарот за тој реон си дал отказ на 1 октомври, не сакал да работи за мала плата и немало кој да ја носи поштата.

Во Пошта рекле дека многу луѓе од градот си доаѓале сами и си ги земале писмата од тука, не можејќи да чекаат со денови.

Така што ако чекате пошта, појдете од кај влезот од страната што гледа накај Аеродром, кај поштарите, има поштенски возила, голема капија со портирница (за во иднина некој ако има потреба да оди таму).

Ете така денес во групата на станарите се сподели информација од функционалноста на оваа гнила држава,“ напиша економскиот аналитичар Марјан Николов на неговиот Фејсбук-профил.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

36-годишна жена во Кратово го убила сопругот и свекорот

Редакција

Како Каракачанов повторно го прекрши Договорот со Бугарија

Редакција

Скандал: Макрон и поранешна еврокомесарка тајно му помагале на Убер да се прошири во Европа на сметка на такси-индустријата

Редакција