еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Скандал: Макрон и поранешна еврокомесарка тајно му помагале на Убер да се прошири во Европа на сметка на такси-индустријата

Датотеки до кои дошол Гардијан открија дека политичари меѓу кои и францускиот претседател Емануел Макрон и поранешната еврокомесарка Нели Крос ѝ помагале на американската превозна компанија Убер да се прошири во Европа на сметка на такси-индустријата.

Досиејата се споделени со Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари и голем број медиумски организаци.

Тие откриваат како Убер ги прекршувал законите, ја мамел полицијата, користел насилство врз возачите и тајно лобирал до владите за време на својата агресивна глобална експанзија.

Податоците покажуваат дека Убер се обидел да си обезбеди поддршка со дискретно додворување на премиерите, претседателите, милијардерите, олигарсите и медиумските магнати.

Датотеките на Убер содржат повеќе од 124.000 записи, вклучувајќи 83.000 електронски пораки и 1.000 други фајлови со разговори, кои го опфаќаат периодот од 2013 до 2017 година.

Тие откриваат дека лобирањето вредно 90 милиони долари годишно и напорите за регрутирање пријателски политичари помогнале во кампањата на Убер да ја наруши европската такси-индустрија.

Додека француските таксисти организираа протести против Убер, Макрон, бил во контакт со контроверзниот шеф на Убер, Травис Каланик, кому му рекол дека ќе ги реформира законите во корист на таа компанија, се вели во досиејата.

Тие покажуваат и дека поранешната комесарка на ЕУ за дигитална технологија, Крос, еден од највисоките функционери на Брисел, била во преговори да му се приклучи на Убер пред да истече нејзиниот мандат, а потоа тајно лобирала за фирмата, потенцијално кршејќи ги етичките правила на ЕУ.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мажот кој загина во пожарот во скопски Хром имал 35 години

Редакција

(Видео) Хаос во Будва: Специјалци го уапсија градоначалникот и уште неколку локални функционери

Редакција

Инцидент во гостиварско Ѓурѓевиште: Пукал во соселани кои се враќале од погреб, едно лице полесно повредено

Редакција