еМагазин
Image default
Локално

Мајка и син натепале снаа со клоци и тупаници

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Oбвинителен предлог против две лица кои се товарат за кривично дело – телесна повреда. Осомничените, мајка и син, при вршење семејно насилство телесно ја повредиле сопругата на обвинетиот, односно снаа на обвинетата.

Како што информира Јавното обвинителство, за време на семејниот ручек на 19 март, мајката и синот ја обвиниле оштетената дека краде предмети од дома и ги носи кај својата мајка, по што физички ја нападнале.

Ја удирале со закачалка и со тупаници и клоци, нанесувајќи и телесни повреди. Сестрата на обвинетиот успеала да ги оттргне, по што оштетената се заклучила во собата и настанот го пријавила во полиција.​​

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Две млади скопјанки се тепале во мотел кај Бит Пазар

Редакција

Четиримесечно бебе од Гостиварско таткото го нашол паднато со повреда на главата, мајката спиела

Редакција

Малолетник нападнат и избоден со нож во Тетово

Редакција