еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во изминатите три дена нови 520 случаи на Ковид-19, оздравени 463, четири починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во период од 8 до 10 јули направени се 1.869 тестови, а регистрирани се 520 нови случаи на Ковид-19, од кои 29 се реинфекции.

Регистрирани сe 463 оздравени пациенти од: Скопје – 244, Битола – 40, Куманово – 33, Охрид – 32, Тетово – 19, Велес – 17, Прилеп и Кавадарци – по 15, Штип – 12, Струмица – 6, Гостивар и Кичево по 5, Делчево – 3, Кочани, Струга, Радовиш, Крива Паланка и Крушево – по 2, Неготино, Свети Николе, Берово, Дебар, Пробиштип, Богданци и Демир Хисар – по 1.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин се регистрирани четри починати лица, од кои две лица од Скопје (67г и 83г) и по едно лице од Охрид (80г) и Тетово (69г).

Од пријавените починати лицa две се починати во болнички услови, а две во домашни услови. Починатите се пријавени во период од 28 јуни до 07 јули 2022 година.

Од вкупниот број тестирања, во изминатите три дена најголем број случаи се регистрирани во Скопје – 314. Во Битола регистрирани се 35 случаи, Тетово – 23, Куманово – 20, Велес – 16, Прилеп, Кавадарци и Штип – по 15, Охрид – 14, Гостивар – 11, Струмица – 9, Неготино – 6, Кичево и Гевгелија – по 4, Струга, Валандово и Пробиштип – по 3, Куманово, Велес, Крива Паланка, Богданци и Кратово – по 2, Кочани, Ресен, Свети Николе и Дојран – по 1.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 316.215, бројот на оздравени пациенти е 305.239, на починати е 9.335, а бројот на активни случаи изнесува 1.645.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во изолација 78 ученици и деца од претшколска возраст во Штип

Редакција

Ќе се отвара почесен конзулат на Албанија во Битола: Имер Селмани почесен конзул

Редакција

Убава вест: Оздравени 551 пациенти од Ковид-19

Редакција