еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Мажот кој загина во пожарот во скопски Хром имал 35 години

Мртвото тело на И.Ј. (35) денеска е пронајдено во опожарениот стан на улица „Исаија Мажовски“ во скопската населба Хром, соопшти МВР.

Според првичните инфорамции на МВР, пожарот бил пријавен утрово во 9.47 часот во СВР Скопје, а е изгаснат од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје.

– Интервениравме со три противпожарни возила, а гореше на четвртиот кат од петкатницата. Затекнавме целосно опожарен стан, со пламен кој излегуваше надвор од прозорците, изјави за МИА командантот на скопската Противпожарна единица, Звонко Томески.

На местото биле илезени и екипи на итната медицинска помош, а нема други повредени лица.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Едно лице загина во пожар во стан во скопски Хром

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе поднесе ли Вучиќ оставка поради несогласување за предлогот за договор со Косово?

Редакција

Градоначалникот на Арачиново не е повреден, повредени се две лица кои биле со него: Детали од МВР

Редакција

Од 20 патници, кои по враќањето од Грција се во изолација, четворица се позитивни на Ковид-19

Редакција