Водителката Лила Филиповска, која деновиве е фокусот на јавноста поради нејзиното здравје, го прослави својот роденден.
„Вечерва облеков фустан во бела боја…вечерва го славам животот, љубовта и мојот роденден.
Оставам зад себе една тешка, претешка година која ме научи да го славам секој ден како да е роденден, да го почитувам секој момент и да бирам пријатели кои за мене би го направиле она што и јас за нив!
Научив дека секој ден е борба и дека со добра мисла секој проблем е решлив. Овој ден е мој ден…овој ден е мојот роденден,“ напиша таа на нејзиниот Фејсбук-профил.
Фото: Фејсбук/Филиповска
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.