еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Поскапува бензинот Еуросупер БС-98, поевтинува дизелот

Бензинот Еуросупер БС-98 од ноќеска на полноќ поскапува за половина денар, а за толку се намалува цената на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1).

Поевтинува и мазутот М-1 НС, за 0,886 денари за килограм, а не се менува цената на бензинот Еуросупер БС-95, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Новата цена на моторниот бензин – Еуросупер БС – 98  ќе изнесува 91,50 денари за литар, 103 денари на Еуродизел БС (Д-Е V), 98,5 денари на Екстра лесното масло 1 (ЕЛ-1), а 51,034 денари на мазутот М-1 НС – 51,034.

Со Одлуката на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,43 проценти во однос на одлуката од 12. месецов.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 за 24 часа починаа 14 лица, дополнително пријавени уште 9

Редакција

Одморите го скастрија прометот на Македонската берза

Редакција

„Еуровиа“ од Желино го доби тендерот на Министерството за здравство за изградба на Поликлиника Сарај вреден милион евра

Редакција