„Макпетрол“ АД, како компанија со 75-годишна традиција верува дека општествената одговорност на компаниите има голем придонес во развивање на општеството и во обезбедувањето на квалитетен живот на граѓаните, велат од компанијата.
Токму затоа, ни претставува огромно задоволство и чест што на вчерашната свечена академија, по повод 60-ти годишен јубилеј на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, на компанијата „Макпетрол“ АД ѝ беше врачена благодарница за посебен придонес во развој на клиниката, информираат од компанијата.
„Веруваме дека со вакви проекти, приватниот и јавниот сектор во државата заеднички може да создадат похумано секојдневие за граѓаните и партнерски да напредуваме како општество.
Овие корпоративни вредности се врежани во секојдневното планирање и работење на компанијата, што ја докажува и нашата определба да продолжиме и понатаму со уште поголем интензитет. „Макпетрол“ АД Скопје ќе продолжи со својата заложба да вложува во општествено одговорни проекти, бидејќи веруваме дека големината на една успешна компанија е токму во несебичните постапки кои можат да го подобрат целокупното живеење во нашата држава“, истакнуваат од „Макпетрол“.