еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кривичната е притисок кон мене и сите обвинители, вели Русковска, која конкурирала за нов мандат за шеф на ОЈО – ГОКК

Суспендирањето, поведувањето на дисциплинска постапка, како и поднесената кривична пријава, обвинителката Вилма Русковска го гледа како притисок кон неа и кон сите јавни обвинители да внимаваат против кого ќе поведат постапка.

Русковска ова денеска го истакна по исказот во Обвинителството по поднесената кривична пријава за злоупотреба на службена должност при претресот извршен на 18 јули годинава во Управата за финансиска полиција од страна на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО – ГОКК).

Таа соопшти дека вчера поднела и пријава каде конкурирала за шеф на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и дека очекува поддршка од нејзините колеги.

-Давав исказ по поднесена кривична пријава од Финансова полиција за наводна злоупотреба на службена положба и овластувања, член 353 став 1 и за наводно фалсификување на избори, појасни Русковска.

Истакна дека нејзиниот колега што го застапува предметот бил максимално коректен и професионален кон неа, а информираше дека сабајлево исказ дала нејзината колешка Елизабета Јосифовска, дека утре ќе дава Ивана Трајчева, а, како што рече, слушнала и дека Сузана Мирчевска Кузмановска била ставена во пријавата.

Суспендираната обвинителка рече дека не извршла увид во доказите, освен во делови од предметот што се прибавени од ОЈО – ГОКК.

-Обвинителот ми рече дека имал некој извештај направено од колешката Лиле Стефанова, ја видов кривичната пријава. Ми беше понудено да го видам записникот на изјавата на Муареми, не бев заинтересирана да ја прочитам, само кривичната пријава ја прочитав, истакна обвинителката.

ОЈО Скопје претходно на брифинг со новинарите информираше дека постапува по кривичната пријава за злоупотреба на службена должност при претресот во Управата за финансиска полиција од страна на ОЈО – ГОКК, дека веќе се прибрани материјални докази и сослушан е подносителот на кривичната пријава, а во следните денови ќе се испитаат и пријавените лица.

Подносител на пријавата е Управата за финансиска полиција, а оштетено лице е Арафат Муареми.

– Пријавено е дејствието на злоупотреба на службена должност во контекст на нешто што не било созреано за претрес и немало таква документација за претрес, а е направено. Како аргументација кон пријавата е посочен и извештајот од надзорот и тоа што се случувало таму, појаснуваат од ОЈО Скопје.

Управата за финансиска полиција на 8 август годинава, поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против обвинителките Вилма Русковска, Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска, за „злоупотреба на службена положба и овластување“  при претресот во Управата за финансиска полиција извршен на 18 јули годинава.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема веќе пречки за Македонија, Бугарија го прифати решението: За еврокомесарот Вархеји проблемот е решен

Редакција

Газдите манипулираат со обврската за К-15: Во Велес исплаќани срамни 100 денари

Редакција

Директорот на судска медицина Александар Станков, контра бугарските обвинители: Видов 44 целосни тела и делови од 45 тело

Редакција