еМагазин
Image default
Македонија

Полесно повредени и хоспитализирани петмина македонски државјани по сообраќајка во Грција

Петмина државјани на Македонија се полесно повредени и хоспитализирани, но не се во животна опасност по сообраќајната несреќа, што кусо по полноќ се случила во северна Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, несреќата се случила на автопатот Егнатиа во близина на Амфиполи, откако, од засега непознати причини, автомобилот со кој се превезувале, се превртел и излетал од патот.

За извлекување на возачот била потребна интервенција од пожарникари.

Од Противпожарната служба на Грција соопштија дека со помош на спасувачко средство и тројца пожарникари и едно возило бил извлечен возачот на автомобилот и предаден на брзата помош.

Повредените, според АНА-МПА, се пренесени во болниците во Солун и Серес.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска и утре во Охрид и Отешево: Високи претставници од Европа и САД на „Преспа форумот за дијалог“

Редакција

(Фото) Колкави се платите на медицинските сестри, специјалистите и лекарите во јавното здравство

Редакција

Митко Јанчев психички малтретиран од сограѓанин, Јавно обвинителство поведе постапка

Редакција