еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Алкалоид со раст на добивката и приходите во првите девет месеци

Единечниот Биланс на успех на Алкалоид АД Скопје во периодот јануари – септември 2022 година покажува дека продажбите достигнуваат 8.161.698.989 денари, што е за 14% повеќе во споредба со истиот период од минатата година, информираат од компанијата.

Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 10.988.914.294 денари, што е за 16% повеќе во споредба со истиот период од минатата година.

-Консолидираните продажби остварени на домашниот пазар се зголемени за 3%, а вкупниот консолидиран извоз на компанијата е зголемен за 23%.

Од вкупните консолидирани продажби 31% се остварени на домашниот пазар, додека, пак, 69% се остварени на странските пазари.

Гледано според региони, во земјите од Југоисточна Европа се остварени 30%, во земјите од Западна Европа (ЕУ и ЕФТА) се остварени 21%, во земјите од Источна Европа (ЗНД, УКР, …) се остварени 16%, а на другите пазари е остварен 2% од вкупните консолидирани продажби.

Најголем пораст кај извозните пазари бележат продажбите остварени во Турција (раст од 169%), Полска (раст од 161%), Романија (раст од 138%), САД (раст од 71%), Грција (раст од 44%), Бугарија (раст од 41%), Германија (раст од 38%), Ерменија (раст од 37%), Косово (раст од 14%), Црна Гора (раст од 11%), итн..

Во периодот јануари – септември 2022 година во сегментот фармација се реализираа и првите поголеми продажби во Португалија, во износ од 12,5 милиони денари и во Монголија, во износ од 12,8 милиони денари, велат од компанијата.

Гледано според групи производи, во структурата на вкупните консолидирани продажби најголемо учество заземаат производите од сегментот фармација, и тоа 88%. Од нив поголем удел имаат антибиотиците со удел од 24%, препаратите ОТЦ со 18%, кардиолошките препарати со 14%, невролошките препарати заземаат 13% од вкупните консолидирани продажби, итн..

-Сегментот хемија, козметика и билкарство учествува со 12% во вкупните консолидирани продажби, поточно хемија учествува со 3%, козметика со 7%, а билкарство учествува со 2%.

Вкупните продажби бележат пораст кај сите профитни центри во споредба со остварените во истиот период од 2021 година. Сегментот фармација бележи раст од 17%, хемија од 16%, козметика од 5% и билкарство од 26%, велат од компанијата.

Единечната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (ЕБИТДА), која изнесува 1.917.509.370 денари, бележи зголемување од околу 14%, додека, пак, единечната нето-добивка изнесува 1.160.140.040 денари и е зголемена за 19%.

-Консолидираната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (ЕБИТДА) достигна 1.980.880.390 денари и бележи раст од 12%, додека, пак, консолидираната нето-добивка во износ од 1.140.263.568 денари е зголемена за 15%.

При извршувањето на оперативните активности Алкалоид АД Скопје ангажираше над 1.000 домашни добавувачи, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За девет месеци во Алкалоид инвестиции од 841,9 милиони денари и 161 нови вработувања

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На убиецот од струмичко Добрејци ќе му се суди за уште едно убиство

Редакција

Владата вработува, плата до 22.500 денари

Редакција

Пад на прометот на Македонската берза во септември

Редакција