По неколкумесечни преговори со акционерите, американскиот милијардер Илон Маск денеска и официјално стана сопственик на социјалната мрежа Твитер.
Твитер во април ја прифати понудата на Маск од 44 милијарди долари, но оттогаш имаше несогласувања и меѓусебни обвинувања меѓу компанијата и Маск.
Маск по преземањето на Твитер ги отпушти главните директори, меѓу кои и главниот извршен директор, Параг Агравал, како и финансискиот, правниот и политички извршен директор и генералниот советник на компанијата.
Маск тврди дека го купил Твитер за да му „помогне на човештвото“.
Фото: Твитер/Маск
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.