Скопски пазар АД Скопје за периодот јануари – септември 2022 година оствари позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот и неконсолидиран Биланс на успех, информираат од компанијата преку Македонската берза.
-Остварени вкупни приходи во периодот јануари – септември 2022 година изнесуваат 232.577 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2021 година бележат зголемување од 8%.
Скопски пазар за периодот јануари – септември 2022 година оствари добивка од 53.731 илјади денари, што преставува намалување од 17% во однос на истиот период од минатата година.
Вкупните расходи за периодот јануари – септември 2022 година изнесуваат 178.846 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2021 година бележат зголемување од 19%, информира компанијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Колкави се примањата на членовите на Управниот и Надзорниот одбор на Скопски пазар