еМагазин
Image default
Бизнис

Народната банка ја намали понудата на благајничките записи: Поголем простор за кредитирање на банките

Народната банка соопшти дека на денешната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика било одлучено да се намали износот на благајничките записи кои банките можат да ги запишат кај централната банка, при задржување на основната каматна стапка на непроменето ниво.

На седницата биле разгледани најновите показатели за домашната економија и движењата на меѓународните и на домашните финансиски пазари, во контекст на поставеноста на монетарната политика.

„Притоа беше одлучено на аукцијата којшто ќе се одржи на 15 април 2020 година понудата на благајнички записи да се намали за 8 милијарди денари во однос на достасаниот износ.

Следствено, на аукцијата ќе бидат понудени 17 милијарди денари, по непроменета каматна стапка од 1,75%. Средствата ослободени со намалената понуда кај благајничките записи се очекува да придонесат за натамошна поддршка на македонската економија преку одржување на кредитните текови и на кредитниот циклус од страна на банкарскиот систем.

Ваквите мерки следуваат по намалувањето на основната каматна стапка, регулаторните измени со коишто се обезбедува поголема флексибилност и им се остава поголем простор на банките да се фокусираат на процесот на кредитирање, како и на измените кај задолжителната резерва со коишто се ослободува дополнителна ликвидност и се дава поддршка на кредитирањето на најпогодените сектори во економијата.

Обезбедувањето на дополнителна ликвидност е особено важно, имајќи ја предвид специфичноста на шокот и мерките коишто се преземаат за негово сузбивање.

По намалувањето на каматната стапка на благајничките записи во два наврати оваа година, на оваа седница беше одлучено таа да се задржи на нивото од 1,75%“, соопшти Народната банка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Народната банка даде препораки за избегнување на турканиците пред банките

„Отиде“ Македонија додека банките најдат „алтернативен“ начин за исплата на пензиите во готово

Банките наплаќаат многу „посолени“ камати за кредитите отколку што даваат за штедните влогови

Спасовски: Владата очекува солидарност од банките, доколку ја нема тоа ќе се дефинира со уредба

Детален преглед: Банките решија да наплаќаат камати на „корона кризата“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Како се движеше цената на акциите на Алкалоид минатата година

Редакција

Општина Гази Баба склучи договор со “Филип инженеринг“ вреден над 1 милион евра

Редакција

Бугарија ќе го стави на располагање својот гасовод на Македонија

Редакција