еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Детален преглед: Банките решија да наплаќаат камати на „корона кризата“

Трите банки што досега излегоа со конкретна понуда за олеснување на кредитните услови кај граѓаните поради кризата предизвикана од корона вирусот вусшност ќе наплаќаат камати за време на таканаречениот грејс период односно одложувањето на плаќањето на месечните кредитни рати.

Со цел граѓаните да имаат детален увид во новите услови Ви ги претставуваме понудите на трите банки кои досега се одзваа на препораките на надлежните:

Комерцијална банка

Понудата се однесува на сите физички лица – клиенти на Банката, кои имаат кредити, кредитни картички и/или дозволени пречекорувања кои на 29.02.2020 година се класифицирани во категорија на ризик буква А, Б или В и немаат статус на нефункционална кредитна изложеност.

Детални услови на Понудата по типови производи:

Понуда за кредити

1.Грејс период: Банката Ви одобрува грејс период за отплата на шест месечни ануитети (главница и камата). Во периодот април – септември 2020 година НЕМА да достасуваат ануитети по кредитот.

2.Пролонгирање на рокот на отплата: Крајниот рок на отплата на кредитот се продолжува за шест месеци.

3.Камата пресметана за време на грејс периодот: За цело времетраење на грејс периодот, Банката ќе пресметува камата по каматна стапка предвидена во Договорот за кредит.

По истек на предвидениот грејс период од шест месеци, каматата пресметана во грејс периодот ќе се капитализира (додаде) на кредитното салдо на кредитот и рамномерно ќе се распореди за наплата во ануитетите согласно новиот амортизационен план. Банката нема да пресметува камата на капитализираната камата.

Понуда за кредитни картички

1.Грејс период: Во периодот 01.04. – 30.09.2020 година, шест месеци, износот на месечниот минимум за плаќање ќе изнесува 0% од искористениот кредитен лимит на крајот од месецот, односно НЕМА да достасува месечен износ за плаќање.

2.Висина на кредитен лимит: Износот на одобрениот кредитен лимит нема да се намалува до 30.09.2020 година.

3.Камата пресметана за време на грејс периодот: Во грејс периодот Банката ќе пресметува и наплатува камата согласно одредбите предвидени во Договорот за користење кредитна картичка.

За износот на пресметана и наплатена камата и редовни месечни надоместоци предвидени во Договорот, Банката ќе го зголеми износот на кредитен лимит и сметката нема да има третман на надминат кредитен лимит.

Целата понуда ТУКА.

Стопанска банка Скопје

Земајќи ги во предвид ефектите кои пандемијата со COVID-19 ги има врз нашите клиенти физички лица кои одржуваат постојана деловна соработка со Банката, и кои заклучно со 29.02.2020 година беа со статус А, Б или В (редовен статус), Банката им ја нуди следната понуда за промена на договорните услови за користење на кредитни производи, која е валидна во следните 10 денови со овие карактеристики:

За клиенти физички лица корисници на кредити со месечни рати (како што се: станбен, потрошувачки и автомобилски) Банката ќе пристапи кон одложување на отплатата за сите кредитни производи во период од шест месеци и продолжување на рокот на отплата за дополнителни шест рати/месечни ануитети.

Камата ќе продолжи да биде пресметувана во периодот на одложување на отплатата, согласно важечките каматни стапки. Главницата, каматата и трошоци кои се доспеани а не платени се до моментот на одложување на отплатата, ќе бидат регулирани со крајот на периодот од шест месеци, со распределба во новиот продолжен период на отплата на производот.

За клиенти физички лица корисници на револвинг кредитни производи (Visa/MasterCard кредитни картички или Мој Кеш), Банката ќе пристапи кон одложување на отплатата за период од шест месеци.

Редовна камата ќе се пресметува, согласно важечките каматни стапки, но износот на пресметана камата ќе доспева со крајот на периодот на одложување на отплатата.

За клиенти физички лица корисници на дозволено пречекорување на трансакциска сметка, Банката нуди обнова на сите дозволени пречекорувања кои би истекле пред 30.09.2020 година и во текот на целиот период нема да биде предмет на намалување.

Технички појаснувања за Понудата:

Клиентите кои доброволно во периодот од 01.04– 30.09.2020 година ќе сакаат да извршат уплата на Visa/MasterCard кредитните картички и Мој кеш (иако за тоа ќе немаат обврска), тоа ќе можат да го направат доброволно и во износ по своја определба, и истата соодветно ќе им биде ажурирана со намалување на долговните обврски.

Препорачуваме, ваквите доброволни уплати клиентите да ги извршуваат по електронски пат (преку-e-banking, m-banking или ATM плаќања).

По однос на клиентите, корисници на Visa/MasterCard кредитните картички и Мој кеш, кои доброволно се регистрирале за целосна (100%) месечна отплата на доспеаните обврски преку траен налог – истиот ќе продолжи да се извршува, но ваквите клиенти, по свое убедување, можат во секое време и бесплатно, да го отповикаат својот траен налог (со јавување во Контакт Центарот 02/3100 – 109 или e-mail: [email protected]).

Целата понуда ТУКА.

Халк банка

Поаѓајќи од фактот дека нема поединец или семејства кои не се засегнати од кризата предизвикана поради пандемијата од вирусот COVID – 19 и водејќи се од своето основно начело “ВАЖНИ СЕ ЛУЃЕТО”,  ХАЛКБАНК АД Скопје се огласува со понуда до сите свои клиенти – физички лица кои имаат кредитна изложеност во Банката со класификација А, Б и В редовни на датум 29.02.2020 година.

Понудата се однесува на сите клиенти на Банката физички лица кои немаат нефункционална изложеност и истата опфаќа:

Одлагање на отплатата на сите кредитни обврски (кредити, кредитни картички и дозволени пречекорувања на трансакциска сметка) за период од шест месеци и продолжување на рокот на крајното достасување за дополнителни шест месеци.

Појаснувања:

Клиенти кои имаат кредитна изложеност во Банката со класификација А, Б и В редовни на датум 29.02.2020 година, се клиентите кои по која било основа немаат ненаплатени кредитни обврски подолго од 90 дена на датум 29.02.2020 година.

Контактирајте ја Банката само доколку сакате да продолжите со плаќање со претходно договорената динамика и не сакате одложување, односно не ја прифаќате понудата.

Доколку клиентот не ја контактира Банката во следните 10 дена за да се изјасни со негативен одговор за оваа понуда, истата се смета дека е прифатена и добива одложување на обврските без потпишување на анекси и доаѓање во Банката.

Доколку клиентот има повеќе кредитни задолжувања, (доколку користи повеќе кредитни производи) истиот се стекнува со право за одлагање на ратите/каматите за секој производ.

Редовната камата која ќе биде пресметана за одложениот период ќе биде доспеана на крајот на грејс периодот и истата ќе биде договорно регулирана.

Трајните налози за подмирување на кредитните обврски ќе се   деактивираат и нема да прават резервација на средства на трансакциска сметка, освен за клиентите кои што ќе ја информираат Банката дека нема да ја прифатат оваа понуда.

За одлагањето на отплатата, односно за прифаќањето на оваа понуда од Халкбанк, клиентот треба да го извести и својот работодавач како истиот не би постапувал по административни забрани.

Овaa мерка на Халкбанк е во важност до 30.09.2020 година и со барање во овој рок, клиентот може да ја смени првичната одлука за прифаќање/не прифаќање на понудата и дополнително да се изјасни за тоа дали сака да биде вклучен во користење на мерките или пак да излезе од истите и да се врати на редовна отплата.

Истата одлука ќе се примени и за пензионерите со образложение дека иако пензиите ќе бидат исплаќани без застој индиректно се засегнати преку членови на нивните семејства.

Молиме за членовите од семејствата да помогнат во информирање на Банката доколку пензионерите-членови на нивните семејства сакаат да продолжат со редовна отплата и не се во можност тоа да го направат самите;

Доколку како клиент на Банката сакате да продолжите со својата отплата на кредитните обврски без престанок и измени, потребно е да нè известите за истото најдоцна до 05.04.2020 година со праќање на мејл порака до [email protected] или со повик или мејл до матичната филијала (контактите на филијалите истакнати во продолжение).

Целата понуда ТУКА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прва интерактивна мапа за коронавирусот во Македонија

Редакција

Богоевски повеќе не е пратеник

Редакција

Живинарските фарми пред колапс

Редакција