еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Новизбраните уставни судии Бозаџиева и Скендер денеска почнаа со работа

Новоизбраните судии Татјана Васиќ Бозаџиева и Фатмир Скендер денеска почнаа со работа во Уставниот суд.

-Двајцата судии утрово беа примени од претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, добија работни материјали за следната седница закажана за 9 ноември. Судиите Бозаџиева и Скендер се запознаа со вработените во службата на Уставниот суд и во наредниот период ќе им бидат распределени предмети за работа, информираат од Судот.

Двајцата новоизбрани уставни судии имаат мандат од девет години.

Уставниот суд во соопштението апелира до пратениците да го почитуваат Уставот и да ги пополнат и останатите три судиски места за, како што е посочено, да може Судот да функционира во полн капацитет и да одлучува за сите предмети кои се од голема важност за државата и за граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавиле новите уставни судии, Фатмир Скендер и Татјана Васиќ-Бозаџиева

Фото: Уставен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕСМ склучи договор со „Дигер“ вреден 1,4 милион евра

Редакција

Каков имот пријавил вицепремиерот Љупчо Николовски

Редакција

Со лични карти со старото име може да се патува во БиХ, Србија, Албанија и Косово

Редакција