еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Во септември мало зголемување на просечната каматна стапка кај вкупните кредити

Просечната каматна стапка на вкупните кредити во септември изнесува 4,35 проценти и бележи мало месечно зголемување од 0,01 процентен поен, покажуваат податоците на Народната банка.

На годишна основа, просечната каматна стапка на вкупните кредити е намалена за 0,11 процентни поени.

Слична динамика има и кај просечната каматна стапка на вкупните депозити, којашто изнесува 0,70 проценти, додека на годишно ниво забележан е пад од 0,08 процентни поени.

Кај новоодобрените кредити, просечната каматна стапка во септември изнесува 4.09 проценти по забележан месечен и годишен раст од 0,05 и 0,06 процентни поени соодветно, додека просечната каматна стапка на новопримените депозити е зголемена за 0,15 и 0,22 процентни поени на месечна и на годишна основа и сега изнесува 1,07 проценти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вознемирувачки снимки од дрон од ужасот на земјотресот во Турција и Сирија

Редакција

Промоција на великодржавни шовинистички идеи претставува разгорување на етничка омраза, реагира Пендаровски на провокативната иконографија во чест на Курти

Редакција

„Современ дом“ ја зголеми добивката

Редакција