еМагазин
Image default
Бизнис

Фершпед со добивка во првите девет месеци

Фершпед АД Скопје оствари позитивни финансиски резултати од работењето за периодот од 01.01. до 30.09.2022 година, соопшти компанијата преку Македонската берза.

-Оперативната добивка остварена во период јануари-септември 2022 година изнесува 79.780 илјади денари и истата е зголемена за 4% во однос на добивката во 2021 година истиот период.

Вкупните приходи од работењето на Фершпед за период јануари-септември 2022 година изнесуваат 3.482.085 илади денари и истите бележат зголемување за 4% во однос на вкупните приходи остварени во истиот период минатата година.

Оперативните приходи остварени во овој период се во износ од 3.478.655 илјади денари и се зголемени за 4% во однос на оперативните приходи во период јануари-септември 2021 година. Финансиските приходи во овој период во однос на истите минатата година бележат пад.

Вкупните расходи остварени во период јануари-септември 2022 година изнесуваат 3.265.734 илјади денари и истите бележат зголемување од 53% во однос на истите мината година.

Оперативните расходи се во износ од 3.400.483 илјади денари и истите се зголемени за 4% во однос на оперативните расходи од 2021 година. Финансиските расходи во овој период во однос на истите минатата година бележат пораст.

Нето добивката во анализираниот период изнесува 72,785 илјади денари, што пoкажува незначително намалување на истата во однос на добивката од минатата година, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фершпед со намалена добивка во првите три месеци

Фершпед со намалена добивка во првите три месеци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Екстра лесното масло поевтинува за три, а Еуросупер 98 поскапува за два денари

Редакција

Драгица Јовановска и Владо Камбовски именувани за членови на Надзорниот одбор на ТТК Банка

Редакција

Злонамерниците може да „здивнат“: Извозот во Русија бележи голем пораст

Редакција