Од Националната агенциија за образовни програми за телевизијата 24 демантираат дека училиштето „Ѓорѓи Наумов“ од Битола има добиено грант од „Еразмус“.
Од Агенцијата велат дека посетата на директорката и заменик-директорот на училиштето на Софија не била во рамки на програмата „Еразмус“, ниту дека бугарската фондација “Бугарска меморија“ би можела да биде партнер на македонската програма на „Еразмус“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Претходно директорката на училиштето, Жанета Сервини соопшти дека била во посета на Бугарија за да воспостават „Еразмус“ соработка со училишта во Софија.
Таа регираше откако фондацијата „Бугарска меморија“ објави фотографии на кои е и таа, заедно со ученици, кои фондацијата ги претстави како „истомисленици“ на контроверзниот бугарски клуб „Иван Михајлов“.
Фондацијата е основана од бугарскиот бизнисмен Милен Врабевски, кој ги финансира бугарските клубови во Битола и Охрид.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарската фондација која ги финасира бугарските клубови во Македонија шири лажни вести
Фото: Фејсбук/Бугарска меморија