еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Брако e еден од најголемите производители на жичани производи во регионот

Моменталното производство на жичани производи во Брако изнесува 2.000 тона месечно, а во следниот период се планира овој капацитет да го зголеми производството за 50% и да достигне до 3.000 тона готови производи месечно, што го прави Брако континуирано еден од најголемите производители на жичани продукти, информираат од компанијата.

Станува збор за сериско производство со врвна технологија чиј асортиман е 90% наменет за извоз.

„Веќе ги реализираме и најново договорените пласмани за Чешка, Италија, а добиваме барања и за испораки во Гватемала, Чиле, Франција и Блискиот Исток,“ информира Љупчо Прентоски, директор на жичаното производство во Брако, кое опфаќа градежни и коилирани шајки, топло поцинкувана жица и нејзини преработки како универзално плетиво и бодликава, жарена и опружна жица.

Жичаните производи редовно се продаваат на територијата на поранешните југословенски републики, но и во Австрија, Унгарија, Романија, Бугарија, Грција, Италија и Албанија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

“Балканики аноними етериа петрелеу“ купи уште 241 акции на ОКТА

Редакција

(Видео) Како се дочека новата 2023 година во Сиднеј, Токио, Лондон, Дубау, Њујорк, Рио де Жанеиро

Редакција

(Видео) Ердоган пристигна во Србија: Српската традиција и протестот на таксистите главен декор за пречек

Редакција