еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

Вработените во ЕДС реализираа акција за чистење на Паркот на Франкофонијата во рамки на одбележување на јубилејот

Како дел од активностите со кои што Energy Delivery Solutions (ЕДС) го одбележува својот јубилеј 10 години успешна работа на македонскиот пазар, вработените во компанија денеска реализираа еколошка акција во Паркот на Франкофонијата во Скопје, информираат од таму.

„ЕДС како општествено одговорна компанија во рамки на активностите за одбележувањето 10 години успешна работа на македонскиот пазар за трговија со електрични енергија одлучи да спроведе акција со која што ќе придонесе за општото добро и да даде свој скромен придонес кон подобрување на условите за живот и работа на граѓаните.

По тој повод, компанијата одлучи да спроведе акција за чистење на локација во градот поточно во општина Центар, каде што како компанија, ЕДС е лоцирана со свои канцеларии во изминативе 10 години“, изјави по повод акцијата, главниот извршен директор на ЕДС, Јанис Јанопулос.

Акцијата во Паркот на Франкофонијата беше спроведена заеднички и со поддршка на комуналната служба на Општина Центар.

ЕДС е водечка компанија за пазарот со трговија со електрична енергија за квалификувани потрошувачи. Од 2018 година е дел од грчката национална енергетска компанија PPC SA, која што пак важи за најголема енергетска компанија во југоисточна Европа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

До 20 пати поголеми казни за загадување на животната средина, предложи Министерството за правда

Редакција

(Фото) На кој број во Општина Карпош може да пријавите непријатна миризба

Редакција

Пивара Скопје, Пaкомак и „Мен енд Маунтен“ со досега најголема акција за чистење и пошумување во нашата земја – Генералка викенд 2022

Редакција