Јавна тајна е дека изборот на новиот прв човек на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), според лидерот на опозициската партија Христијан Мицкоски, е уште еден партиско- политички договор во власта.
-Па јавна тајна е дека тоа претставува уште еден партиско-политички договор во власта, само исто така јавна тајна е дека таму имало две струи, едните за едниот, другите за друг, па победил овој и така натаму.
Продолжува партизацијата, затоа следната анкета нема да биде довербата во судството и обвинителството 8 проценти ќе биде еден, два или три проценти. Претпоставувам тоа се овие неколку фамилии кои што се денеска во власта и од ДУИ и од СДСМ, рече Мицкоски.
Тажно е, додаде тој, што се продолжува со партизирање на институциите што треба да бидат носители на правдата, Обвинителството и судството, најавувајќи дека веднаш по промените „овој процес ќе биде ревидиран од страна на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ и ќе бидат ослободени и Обвинителството и судството од партиско -политички договори и партиско политички стеги“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Талат Џафери не спори дека и тој се знае со обвинителот Абази
(Фото) Ислам Абази излажа, објавени фотографии со него и функционери на ДУИ на приватни средби, лов…
МИА/Фото: ВМРО-ДПМНЕ