еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Сопственикот на „Беса Транс“, Беким Хаџиу, сведочеше пред судот, не се чувствува виновен

Обвинетиот Беким Хаџиу, сопственик и управител на „Беса Tранс“, во Основниот кривичен суд Скопје денеска изјави дека не се чувствува за виновен за „фалсификување исправа“.

Застапникот на правното лице „Беса Транс“, Шабан Хоџа, исто така, изјави дека не се чувствува виновен за истото дело кое му се става на товар.

Откако јавниот обвинител го прочита Обвинителниот предлог во кој стои дека обвинетиот 41-годишник, Беким Хаџиу, како управител на правното лице „Беса Транс БТБ“ од Рашче, искористувајќи ист траен однос, исти прилики и слични околности, преку возачите кои управувале автобус во сопственост на фирмата, извршил повеќе временски поврзани дејствија и употребувал како вистинска лажна јавна исправа Извод од лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај.

– Ваквата лиценца за наведениот автобус воопшто не била издадена од Министерството за транспорт и врски, а управителот изготвената лажна јавна исправа им ја давал на возачите кои го управувале автобусот и со неа тие ја преминувале државната граница.

Во текот на постапката, надлежниот јавен обвинител обезбеди докази дека во периодот од 10.01.2021 до 21.11.2021 година автобусот на тој начин 20 пати ја преминал државната граница на различни гранични премини, се наведува во обвинителниот предлог.

На денешното рочиште сведочеше претставник на Министерство за транспорт и врски, Драганче Јовев, кој зборуваше за лиценците и изводите од лиценци кои што министерството ги издало на „Беса Транс БТБ“.

На прашање од обвинителот, дали од страна на Министерството за транспорт и врски на правниот субјект Беса Транс му е издадена лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај, тој одговори дека врз основа на евиденцијата за лиценцирани превозници, кои вршат јавен превоз за патници, министерството има издадено лиценца за вршење меѓународен слободен превоз на патници со број 007017, со важност од 8.8.2018 до 8.8.2022 година.

Прашан дали врз основа на оваа лиценца, министерството издава извод за лиценца за секое од возилата одделно, тој одговори да.

– Да, врз основа на оваа лиценца за вршење меѓународен слободен превоз на патници министерството издава изводи од лиценца за секое од возилата за кои што превозникот има доставено копија од сообраќајни дозволи во самото барање за издавање на лиценца на меѓународен слободен превоз на патници, при што согласно евиденцијата имаме издадено изводи за лиценци за следните возила СК 4436 АИ, СК 8004 АН, СК 0886 АК, СК 8583 АП и СК 0583 АР, значи имаме издадено лиценца за пет возила на име на превозникот Беса Транс БТБ, рече тој.

На прашање дали дополнително имаат издадено извод од лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај за возило со регистерска ознака СК 0284 БА, тој одговори дека согласно евиденцијата за ова возило нема издадено извод од лиценца за вршење меѓународен слободен превоз на патници во меѓународниот патен сообраќај ниту за друг вид на превоз.

Асмир Алиспахиќ, бранителот на обвинетиот, потоа пристапи кон вкрстено испрашување во кое подробно го испрашуваше сведокот околу издадените лиценци и изводи од лиценци.

Прашан дали со самото издавање на лиценцата се евидентираат и возилата, тој одговори да.

– Да, веќе споменав на почетокот, во процедурата за добивање на лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници една од документацијата е достава на сообраќајни дозволи кои што ги поседува превозникот за возилата за кои што превозникот поднесува барање, рече тој.

Прашан дали може да заклучиме дека изводот од лиценца број 22679 постои во евиденцијата на министерството како издадена лиценца за второбвинетото правно лице „Беса Транс БТБ“, тој одговори дека постои за вршење на посебен линиски превоз на патници во внатрешниот патен сообраќај.

Прашан дали е запознаени кога „Беса Транс БТБ“ станала сопственик на возилото СК 0284 БА, тој одговори дека Министерството за транспорт и врски не е запознаено кога правното лице станалo сопственик на наведеното возило.

– Но, сакам да појаснам зошто, затоа што кое било правно лице кое поседува лиценца за вршење јавен превоз на патници е должно согласно Законот за превоз да нè известува за секоја настаната промена веднаш, а најдоцна во рок од 15 дена, треба да не извести за секој вид на промена вклучувајќи и купување и продавање на возила, рече тој.

Бранителот потоа праша дали можеме ли да заклучиме дека од сите претходни одговори во поглед на наведените лиценци, министерството ги има физички издадено истите и ги поседува кај нив во оригинал, сведокот одговори дека по однос на ова прашање, министерството ниту за правното лице Беса Транс БТБ, ниту за кое било друго правно лице за кое што има издадено лиценца и изводи од лиценца за возилото не ги поседува лиценците и изводите од лиценца во оригинал.

– Оригиналот се издава на барателот, рече тој.

Процесот го води судијата Ивица Стефановски, застапник на обвинението е јавниот обвинител Владимир Милошевски.

Судењето продолжува на 23 декември.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Странци ќе го оправаат системот на Фондот за здравствено осигурување по хакерскиот напад

Редакција

Панчевски за предлогот на Мицкоски тој да биде на чело на новото СЈО: Ме предлагаат или сум лош пример?

Редакција

И партискиот активист Властимир Алексовски поднесе кандидатура за претседател на СДСМ 

Редакција