еМагазин
Image default
Македонија

Kомплетно политичко скршнување од тезите, вели Мицкоски за можното коалицирање на Алијанса со власта

Тоа е јавна тајна дека се преговара за влез во владата, и не е нешто кое што нас не изненадува, за тоа се зборува недели наназад.

Но, јас сум кажал дека секоја политичка партија има свое автономно и автохтоно одлучување, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски откако денеска медиумите информираат за средба помеѓу Арбен Таравари в.д претседател на Алијанса за Албанците и Димитар Ковачевски за можен влез на Алијанса во влада.

На коментарот дека единствени политички партии во опозицијата ќе останат ВМРО-ДПМНЕ, БЕСА и Левица, Мицкоски рече дека ова е доволна порака за граѓаните како да постапуваат за следните парламентарни избори, посочувајќи дека тој очекува политиките на владата да бидат девастирани од народот.

„Тоа е доволна порака до граѓаните како да постапуваат за следните парламентарни избори. Ако го имате СДСМ како малцински фактор во владата кој што се ќе направи за да остане ден повеќе за да може да поминат неколку тендери во четири очи, за да може повеќе да краде, за да може повеќе да се уживаат привилегиите и да се создаваат вакви паразити за кои што објавуваме деновиве, тогаш единствен суверен за да го спречи тоа, покрај ние политичарите во опозицијата, е народот. И на следите парламентарни избори јас очекувам да бидат девастирани политиките на оваа влада предводена од СДСМ, потенцираше тој.

Мицкоски смета дека доколку Алијанса за Албанците стане дел од владата на СДСМ и ДУИ, тогаш тоа е комплетно политичко скршнување од тезите кои беа кажувани изминатиот период, нагласувајќи дека доколку еден политичар ја обвинува владата дека работи погрешно, коруптивно и криминално, а подоцна стане дел од неа, тогаш тоа значи легитимирање на сите погрешни политики и единствено нешто за кое што сте се грижеле е само да се дограбат до одредена функција и фотелја.

„Ако мене ме прашувате за мое мислење за евентуалниот влез на Алијанса за Албанците во владата, тоа значи едно комплетно политичко скршнување од сите оние тези кои што изминатите години беа кажувани.

Суштината е поинаков, ако вие велите дека оваа влада работи погрешно, ако велите дека оваа влада е виновна што многу Албанци ја напуштале државата, ако вие велите дека оваа влада е криминална и коруптивна и дека не ја бидува и потоа влегувате во таа влада значи тогаш дека вие ги легитимирате тие политики, самите за себе признавате дека сте лажеле односно не сте ја говореле вистината и единственото нешто за кое се грижете е да се дограбите на некаква функција и фотелја, изјави Мицкоски.

Мицкоски смета дека ќе преовлада разумот кај Таравари и Алијанса за Албанците, но што и да одлучат за евентуален влез во владата на СДСМ и ДУИ тоа ќе биде нивна одлука.

Јас сепак мислам дека на крај би преовладал разумот кај Таравари и Алијанса на Албанците, но тоа е нивна одлука, дециден е Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Влегува ли Алијанса за Албанците во Владата: Денеска средба на Таравари и Ковачевски

Фото/ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжува судењето за „Друмарина“

Редакција

Средба Заев – Радев: Македонија и Бугарија заедно тагуваат за жртвите од автобуската несреќа

Редакција

23,3% од заболените со Ковид-19 во Македонија се без симптоми

Редакција