еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бугарското МНР го осудува оштетувањето на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид

Министерството за надворешни работи на Бугарија остро го осудува оштетувањето на културниот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид извршено ноќта меѓу 20 и 21 ноември 2022 година.

-Таквите постапки намерно ги попречуваат напорите за воспоставување пријателство, добрососедство и соработка како водечки принципи во односите меѓу Бугарија и РС Македонија, соопшти од МНР на Бугарија.

Според бугарското МНР, имињата на бугарските клубови не се причина за таа кампања и потенцираат дека „лидерот на најголемата опозициска партија во Скопје веќе отворено повикува на итно затворање на бугарските клубови само затоа што се бугарски, без разлика како се нарекуваат“.

-Убедени сме дека Министерството за надворешни работи на РС Македонија ќе има навремена и соодветна реакција на она што се случи, се наведува во ставот.

Реакцијата на властите на овој и на другите случаи на криминал од омраза ќе биде показател за сериозноста што Владата во Скопје ја придава на градењето добрососедски односи и на процесот на пристапување во ЕУ, соопштија од МНР на Бугарија. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Оштетено стаклото од просториите на бугарскиот клуб во Охрид

МИА/Фото: Бугарско МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕСМ склучи договор со “Руд-коп“ вреден 11,5 милиони евра

Редакција

Какви нарушувања на изборниот процес досега регистрираше МВР

Редакција

Син во Кичево го убил сопствениот татко

Редакција