еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Оштетено стаклото од просториите на бугарскиот клуб во Охрид

Оштетено е стаклото и дел од светлечката реклама на бугарскиот клуб „Цар Борис трети“ во Охрид.

СВР Охрид денеска соопшти дека оштетувањето било пријавено ноќеска во 2 часот и 5 минути.

– Во СВР Охрид пријавено е оштетување на стакло од излог на „Здружение на граѓани Цар Борис III“, лоцирано на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид. Полициски екипи извршија увид и се работи на расветлување на настанот, изјави за МИА портпаролот Стефан Димоски.

Оштетувањето, според првичните информации било направено со тврд предмет, камен.

Пред повеќе од еден месец, односно само неколку дена од отворањето на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид беше искршена таблата на која е испишано името на здружението.

Кривичното дело го направил 47 годишен охриѓанец, кој сам се пријавил во полиција.

МИА/Фото: tribuna.mk/МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Околу 200 првачиња не следат настава зашто се невакцинирани

Редакција

Уапсен државниот секретар во Министерството за информатичко општество и администрација

Редакција

Викендов уште постудено, се очекува снег на планините

Редакција