еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бранителот на обвинетиот Ѓоргиевски побара ослободителна пресуда за случајот со убиството на ракометарот Тот

Доказите на Обвинителството се во прилог на одбраната, изјави адвокатот Иле Танев, бранител на обвинетиот Анџело Ѓоргиевски, во денешните завршни зборови за случајот со убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот.

Според него, во овој случај не постои кривично дело „убиство“.

– Дилемата која се наметнува во Судот и во јавноста, а е поврзана со кривичното дело кое се става на товар, е само правна, а не и фактичка состојба, бидејќи од доказите произлегува сосема друга фактичка состојба, која не дава можност на обвинетиот Анџело да му се суди за делото што му се става на товар, рече Танев.

Тој посочи дека сите дејствија на Ѓоргиевски биле во насока на помагање, односно, како што рече „да му се помогне на оштетениот, а не да се повреди или убие“.

– Како што произлегува од доказите, обвинетиот Анџело дејствувал противправно само десетина секунди, само откако излегол од таксито, рече Танев.

Претходно, обвинителката Тања Трајчевска побара осудителна пресуда за обвинетите, бидејќи, според неа, од доказната постапка произлегло дека обвинетите го сториле кривичното дело на начин, време и место како што е опишано во обвинителниот акт и побара од Судот да пресуди по однос на нив, имајќи ги предвид сите олеснителни и отежителни околности.

Обвинителството ги гони Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски за кривично дело „убиство“ од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Согласно обвинителниот акт, обвинетите се товарат дека на 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот.

Процесот го води судијката Елена Илиевска Јосифовиќ, а застапник на обвинението е обвинителката Тања Трајчевска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одбраната на обвинетата Клементина Левковска побара ослободителна пресуда за случајот со убиството на ракометарот Тот

Обвинителката Трајчевска побара осудителна пресуда за случајот со убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вакцинацијата не е задолжителна, но ќе биде ли „присилна“

Редакција

Касами: Одиме на избори народот да реши за понатамошниот пат на државата

Редакција

Може ли да Ве избркат од работа ако не сте вакциниран?

Редакција