еМагазин
Image default
Бизнис

Се зголемува бројот на граѓани што летаат и што патуваат со воз

Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2018 година, во однос на истото тримесечје од 2017 година, во патниот патнички превоз бројот на превезените патници е зголемен за 2.7 %, во градско-приградскиот превоз е намален за 16.4 %, во воздухопловниот превоз е зголемен за 20.7 %, додека бројот на превезените патници во железничкиот превоз е зголемен за 13.8 %,.

Во однос на првото тримесечје од 2018 година, бројот на превезените патници во патничкиот превоз е зголемен за 2.6 %, во градско-приградскиот превоз за 4.9 %, во железничкиот превоз за 12.1 %, додека во воздухопловниот превоз е зголемен за 32.3 %.

Во второто тримесечје од 2018 година, во споредба со второто тримесечје од 2017 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е намалено за 4.4 %, во воздухопловниот превоз за 7.4 %, додека во железничкиот превоз е зголемено за 5.0 %.

Во однос на првото тримесечје од 2018 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 22 %, во воздухопловниот превоз за 10.9 %, додека во железничкиот превоз е зголемено за 13.4 %.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Duferco Skop SA купи уште 1.000 акции на Макстил

Редакција

Банките сами ќе одлучуваат за евентуално менување на каматните стапки, велат МБА

Редакција

Граѓаните до АЕК најчесто се жалат на високи сметки и квалтиетот на услугите на мобилните оператори

Редакција