еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Покачувањето на платите во здравството од 1.500 до 4.548 денари

Од 1.500 до 4.548 денари ќе изнесува во просек покачувањето за 5 проценти на платите на 19.123 вработени во јавните здравствени установи, согласно вчерашната владина одлука која денеска на средба со ресорниот министер Венко Филипче ја поздравил претседателот на самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на РМ, Љубиша Каранфиловски, соопшти Министерството за здравство.

Според симулациите на Министерството низ апсолутни бројки за покачувањето на бруто платите, докторите специјалисти на универзитетските клиники за хируршки болести ќе добијат повисоки плати во просек за 4.548 денари, а докторите специјалисти на универзитетските интерни клиники во просек за 3.756 денари.

Лекарите специјалисти во општите болници ќе земаат плата поголема за околу 4.060 денари, а покачувањето за средно-медицинскиот кадар во универзитетските клиники и општите болници ќе биде за околу 1.500 денари.

– Со потпишување на Спогодбата ќе се зголемат платите на сите вработени во јавните здравствени установи. Зголемувањето ќе започне да се применува со исплатата на септемвриската плата и тоа значи реализација на уште една точка од Програмата за работа на оваа Влада на Република Македонија, соопшти Министерството за здравство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Општина Кочани почна да го исклучува јавното осветлување за да штеди струја

Редакција

Ќе се отпишуваат каматите на долговите направени до ноември 2020

Редакција

Компаниите бараат одложување на рокот на отплата на бескаматниот кредит од кредитната линија Ковид 3

Редакција