На 23.08.2018 година во 14.25 часот во Единицата за информации и команда Скопје, М.К. од Скопје пријавила дека на ул.„Павле Илиќ“ забележала дупка на предното стакло од патничко возило „Пежо“ со скопски регистарски ознаки и еден куршум кој бил заглавен во шал-таблата, информира МВР.
При падот на зрното, во возилото немало никој. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.