еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Венко Андоновски по 10 години се враќа на сцената со нов роман

Eдно од најголемите имиња на македонската книжевна сцена, авторот и професор Венко Андоновски има нов роман – со навистина интригантен наслов: „Папокот на светлината“.

Десет години по објавувањето на последниот роман „Ќерката на математичарот“ и 22 години од „Папокот на светот“, книгата што ги освои речиси сите значајни книжевни награди (Роман на годината, „Стале Попов“, „Балканика“ и руската награда „Југра“), Андоновски се враќа на сцената со нов роман кој се надоврзува (но не го продолжува) на „Папокот на светот“.

Јан Лудвиг, протагонистот кој во „Папокот на светот“ трагаше по папокот на светот (љубов кон жената), сега е во потрага по папокот на Светлината. Заедно со другите ликови, тој се обидува да открие каде се раѓа онаа Светлина која ја просветлува душата, наспроти оние кои се задоволуваат да му бидат облека на ѓаволот.

Според издавачот, овој роман претставува нов клуч за читање на „Папокот на светот“; во него тројството на светлината го надминува дуализмот на светот. Дуализам кој и го уништи стариот свет, со сите негови морални вредности, и го претвори во опожарена цивилизација врз чии јагленосани остатоци треба да се крене новиот продуховен свет.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР купува спортска опрема за специјалната полиција за 11,6 милиони денари

Редакција

Детален преглед: Официјални резултати од ДИК од вториот круг на Локалните избори

Редакција

Поради родовата нееднаквост губиме околу 18% од БДП годишно

Редакција