еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Продолжува дипломатската офанзива: Специјалниот пратеник на Германија за Западен Балкан, Сарацин во Скопје

Специјалниот пратеник на Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин денеска и утре престојува во Скопје, каде ќе оствари средби со претставници на власта и опозицијата.

На неговата посета се гледа како на нова дипломатската офанзива за уставните измени, откако тој во јуни за време на посетата на земјава во интервју за МИА порача дека Македонија нема време за губење и оти по уставните измени нејзиниот пат е неповратен, но и нагласи оти се нереални очекувањата за повторно отворање на Преговарачката рамка.

Сарацин денеска е на средби со собранискиот спикер, Талат Џафери, со премиерот Димитар Ковачевски, со министерот за надворешни работи, Бујар Османи, а планираната е и средбата со лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, со кого, како што е најавено, ќе се состане во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

За утре е планирана средба на специјалниот германски пратеник за Западен Балкан со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, како и негово учество на конференција на тема „Подобрување на Берлинскиот процес, преку парламентарна демократија“.

МИА/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од иста фамилија од Чаир, 9 новозаразени со корона вирусот во Скопје

Редакција

По скринингот за корона вирусот, негативни сите 58 тестови на вработените во градинката во Делчево

Редакција

Пукаше по случаен избор, легнав врз мртви другарчиња за да помисли дека сум мртва: Страотни сведоштва за најцрниот ден во Србија

Редакција