еМагазин
Image default
Македонија

По скринингот за корона вирусот, негативни сите 58 тестови на вработените во градинката во Делчево

Во детската градинка „Весели Цветови” нема ниту еден позитивен случај на Ковид-19, по извршениот скрининг на вработените од страна на Центарот за јавно здравје.

Од градинката информираат дека во рамки на скринингот беа опфатени вкупно 58 даватели на услуга во градинката.

„Општинската јавна установа Детска градинка „Весели Цветови” Делчево во рамките на скринингот на вработените во градинките имаше 58 тестови за Ковид-19 и на наше задоволство можеме да кажеме дека сите 58 теста на вработените се негативни.

Конкретно во нашата установа скринингот беше извршен врз воспитувачи, негователи, помошен технички и административен персонал без притоа да има позитивен случај“, истакнаа од ОЈУДГ „Весели Цветови”.

Скринингот, како што додадоа, се правеше со ПСР-тестови и имаше за цел да се идентификуваат асимптоматските носители на вирусот, односно луѓе кои се заразени, а не се свесни поради тоа што немаат симптоми.

Во насока на заштита на персоналот и децата во градинката во изминатиов период извршена е комплетна нејзина дезинфекција, а заштитата од заразата, како што додадоа, ќе продолжи со тековно преземање мерки согласно со протоколите на Министерството за труд и социјална политика и Министерството за здравство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Дебар пет новозразени со корона вирусот, активни на болеста 10 лица

Убава вест: Оздравеа петмина нови пациенти од корона вирусот, вкупно до сега 1.710

Бројката надмина 4.000: Нови 162 заразени со корона вирусот, најмногу во Скопје 92

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Повеќе се жени: 44,5 години просечна возраст на заболените од коронавирусот во Македонија

Редакција

Нови осум лица заразени со корона вирусот во Прилеп, вкупно 46 случаи

Редакција

Судењето за „Монструм“ одложено поради отсуство на судијата Ставрев

Редакција