еМагазин
Image default
Македонија

Во Дебар пет новозразени со корона вирусот, активни на болеста 10 лица

Во Дебар официјалните податоци потврдуваат дека во последното деноноќие се регистрирани пет нови случи на Ковид-19.

Вкупната бројка на заразени до сега изнесува 61 лице, од нив две од Центар Жупа, кои беа и првозаразени. Од вкупната бројка 47 се излекувани, четворица починаа, активни на болеста се 10 лица.

По цели педесет дена од последно излекуваниот пациент, корона вирусот во Дебар се врати на 5 мај, кога беше дијагностициран кај жена од селото Долно Косоврасти, а два дена потоа и кај маж од Дебар.

Три нови случаи беа потврдени на 12 јуни, кога соопштувајќи ги податоците градоначалникот Хекуран Дука, искажа разочарување од своите сограѓани кои недоволно ги почитуваат мерките за заштита.

„Поради непочитувањето на превентивните мерки од страна на граѓаните имаме повторно појава на заразени во нашата општина. Тоа се случи по еден подолг период, во кој нашата општина се сметаше за зелена зона. Засега состојбата е под конторла, но како што оди трендот и очекувањата во следните денови ќе имаме појава на спорадични случаи со Ковид-19,“ оцени Дука.

Во Општина Дебар, според полициската статистика во самоизолација моментно се 47 лица и врз сите нив во изминатото деноноќие биле извршени кинтроли.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нов позитивен случај на корона вирусот во штипска конфекција, која може да биде нов кластер

Убава вест: Оздравеа петмина нови пациенти од корона вирусот, вкупно до сега 1.710

Починаа девет нови пациенти од корона вирусот, вкупно до сега 188

Бројката надмина 4.000: Нови 162 заразени со корона вирусот, најмногу во Скопје 92

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Апелациониот суд и ја намали казната на Гордана Јанкуловска за набавката на луксузниот мерцедес

Редакција

Нови 1.216 случаи на Ковид-19 од 3.716 тестирања, во Скопје 624

Редакција

Аптеките со објаснување зошто се зголемени цените на маските

Редакција