еМагазин
Image default
Македонија

Нов позитивен случај на корона вирусот во штипска конфекција, која може да биде нов кластер

Епидемиолозите бележат уште еден позитивен случај на коронавирусот во нова штипска конфекција, која не беше опфатена во скрингот на седум конфекции. Работничката извесен период била на боледување, а денеска епидемиолозите прават анкета и ги утврдуваат контактите, по што ќе се утврди дали станува збор за нов седми кластер во штипскиот регион.

Директорот на Клиничка болница – Штип, Ален Ѓеорѓијев за МИА истакна дека на Инфективното одделение се хоспитализирани вкупно 18 пациенти или тројца пациенти помалку од вчера.

Еден од оние кои болнички се лекуваат е на 80 годишна возраст и е на повремена кислородна поддршка, додека останатите се стабилни. Еден помлад пациент, кој е суспектен денеска поради влошување на состојбата е хоспитализиран на клиниките во Скопје.

На социјалните мрежи се појави и видео, кое е снимено вчера во Штип, а на кое се гледа како превозник превезува сезонски работници на плантажите со вишни во штипско-карбинскиот регион. На снимките се гледа дека не се почитуваат здравствените протоколи, ниту носење на маски, ниту пак држење на дистанца.

Младен Митев од фирмата „Фрукатана“ вели дека немаат плантажи, туку само преработувачки капацитет, а нивниот автобус вчера го позајмиле на соработници од други фирми кои имале проблеми со организирање на превозот.

– Возачот на автобусот е запознат со здравствените протоколи и има и потпишано изјава. Дадени му се и дезинфициенси и маски. Ако не ги почитувал протоколите ќе следува дисциплинска постапка.

Нам здравјето на нашите и здравјето на сите сезонски работници ни е важно. Затоа што ако не се заврши бербата на вишни навреме и не се прибере родот, тогаш нема што да работиме цела година, вели Митев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Четири нови случаи на корона вирусот во Гостивар, два во Маврово и Ростуше

Вработен позитивен на корона вирусот ја затвори Општина Струга

МИА/Фото: Општина Штип

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите пратеници кои гласаа за старт на промена на Уставот се обезбедуваат

Редакција

Кои имиња се на пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Арсим Зеколи: “ДУИ не е проблемот. ДУИ е последица. СДСМ е проблемот“

Редакција