еМагазин
Image default
Македонија

Четири нови случаи на корона вирусот во Гостивар, два во Маврово и Ростуше

Со последните тестирања за откривање новоинфицирани со коронавирусот во гостиварскиот регион, откриени се шест нови случаи.

Четири од новооткриените се од градот, од кои три се поврзани со кластерот во ЈП „Комуналец“.

По речиси двонеделна пауза, повторно се појавија позитивни резултати во општина Маврово и Ростуше. Во селото Требиште две лица со симптоми на болеста имале позитивни резултати на Ковид-19.

Според информациите на Меѓуопштинскиот кризен штаб за општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше, во текот на вчерашниот ден биле тестирани 16 лица.

До денеска вкупниот број  активни случаи во гостиварскиот регион достигна 26 во општина Гостивар 13, во Врапчиште 11 и Маврово и Ростуше два.

Од почетокот на пандемијата, во гостиварско направени се 454 тестирања, Досега излекувани се 18, меѓу кои има и пет медицински лица. Од последици на Ковид-19 во гостиварско починаа три лица.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Ми ќе бидемо прва држава сас колективан имунитет“: Твитер реакции за растот на заразени со корона вирусот

Градоначалникот Георгиевски се јави од Инфективна клиника: Да останеме сплотени, само така ќе ја добиеме битката со корона вирусот

Oбезбедени се 23 единици конвалесцентна плазма за третман на 23 пациенти со корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 починаа 35 починати лица, најмладиот пациент на 34 години

Редакција

Во камион откриени 211 мигранти кај Гевгелија, приведен возачот

Редакција

Филипче не размислува за оставка

Редакција