еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Вработен позитивен на корона вирусот ја затвори Општина Струга

Службеник вработен во општинската администрација во Струга е позитивен на Ковид-19, па затоа Локалната самоуправа донела одлука службите во Општината да не работат до наредниот понеделик.

После консултации остварени со наделжните институции од Општината е упатен повик до вработените во администрациајта да останат во самоизолација, а при евентуална појава на сипмтоми на коронавирусот да ги контактираат матичните лекари.

-Бидејќи ситуацијата со пандемијата се влошува, ве молиме да бидете внимателни и да ги почитувате мерките и препораките на Владата и Министерството за здравство со цел да се спречи ширењето на пандемијата, се наведува во соопштението од Општина Струга.

Во меѓувреме ќе се анализираат и проверуваат сите контакти што вработениот ги имал со останати лица во Струга за да се откријат евентуални други инфицирани.

Инаку, лицето позитивно на Ковид-19 е во домашна изолација со лесна симптоматска клиничка слика.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Четири нови случаи на корона вирусот во Гостивар, два во Маврово и Ростуше

МИА/Фото: Општина Струга

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Камчев и Панделевски излегуваат од „Шутка“, добија мерка куќен притвор

Редакција

Правници ќе кажат како ќе се контролира групирањето по домовите, вели Филипче

Редакција

„Џезтет“, концерт на Георги Шарески во Јавна соба

Редакција