еМагазин
Image default
Македонија

Правници ќе кажат како ќе се контролира групирањето по домовите, вели Филипче

Одговарајќи на прашање поврзано со правните дилеми во однос на спроведување на дел од мерките, како онаа за не повеќе од четири лица во посета на нечиј дом, министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција кажа дека искуствата се извлекуваат од досегашните случувања, свесни дека во периодот којшто следи може да има семејни собири со голем број на луѓе од кои може да поттикнат голем број на кластери, логично е и нормално е да ги забраниме.

-Оставаме на правниците да видиме во каква форма тоа ќе биде препорачано или забрането, каков ќе биде начинот на контрола, меѓутоа мора да потенцирам дека заштита на здравјето е приоритет.

Не можеме да затвориме очи и да дозволиме да се случуваат настани на кои што може да има проблеми и нови случаи, а впрочем и други земји го направија истото. Франција го направи истото, Словенија го ограничи групирањето, рече Филипче.

Во однос на носењето маски и на отворено тој рече дека се користат искуствата од други земји.

– Епидемиолошката слика во Италија е променета откако е донесена задолжителна одлука за носење маски на отворено и веруваме дека тоа може сериозно да го забави растот на нови случаи, инаку ќе мора да бидеме принудени на дополнителни рестрикции.

Во дополнителните рестрикции во нашиот план освен намалување на капацитетот на исполнетост во јавниот превоз е ограничување на работа на одредени економски субјекти, компании, угостителски објекти, но се надеваме дека нема да мора до таму да стигнеме и дека овој втор пакет на рестриктивни мерки ќе даде некаков ефект, рече Филипче.

Анализите за смртност кај пациентите со Ковид-19, според него, покажале дека висок процент на смртност има кај постари пациенти, кај пациенти кои доаѓаат со лоши параметри и други коморбидитети.

Во однос на Викендот без ДДВ, повтори дека доколку се почитуваат протоколите во шопинг-моловите и во продавниците, не се очекува зголемување на бројот на инфицирани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Македонска логика“: Надвор со маска, во кафана без маска

„ДУИ ќе испорача барање, од 4 гости барем 1 да е Албанец„: Твитер реакции за новите мерки

„А овие со 5 члено семејство ќе влечат ждрепка кој да остане надвор?„: Твитер реакции за најавата за забрана на семејни собири со повеќе од 4 гости

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Интерпелација и за вицепремиерот Николовски и министерот Маричиќ

Редакција

Влада: Иванов го прекрши Уставот со непотпишување на законот за јазиците и Преспанскиот договор

Редакција

Ќе се надоместуваат изгубените часови во училиштата каде имаше дојави за бомби, велат од МОН

Редакција