еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Mедицински лица од Кочани, Велес, Кавадарци и Кичево ќе помагаат на Инфективната клиника во Скопје

Седум медицински сестри и техничари од Општата болница со проширена дејност во Кочани од утре ќе бидат работно ангажирани на Инфективната клиника во Скопје.

Прераспределбата на новите работни места е привремена и се реализира по барање од Министерството за здравство, поради недостатокот од медицински кадар на Клиниката.

Здравствените работници од Кочани ќе им помагаат на своите колеги во лекувањето на пациентите заболени од Ковид-19 кои се хоспитализирани во Скопје.

-Постапуваме според претходно утврдени упатства од Министерството за здравство и овој одлив на кадар нема да влијае на нормалното функционирање на нашата болница. Располагаме со доволен лекарски и друг медицински персонал, поради што позитивно одговоривме на барањето на ресорното Министерство, истакна Александар Серафимов, директор на Општата болница со проширена дејност.

Здравствените работници од кочанската Општа болница на Инфективната клиника во Скопје ќе работат во следните две недели, а им се придружуваат и нивни колеги од болниците во Велес, Кавадарци и Кичево.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Речиси исполнет капацитетот на Инфективна клиника со заразени од корона вирусот: Од 110 кревети, 93 се полни

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Србија чека дозвола на Фајзер за донацијата на вакцини за Македонија, вели српската премиерка Брнабиќ

Редакција

26% од заразените со Ковид-19 во Македонија без симптоми

Редакција

Уставниот суд оформил предмет по иницијатива на Левица за разрешувањето на Фадил Зендели

Редакција