еМагазин
Image default
Македонија

Србија чека дозвола на Фајзер за донацијата на вакцини за Македонија, вели српската премиерка Брнабиќ

Сè е подготвено за Србија да и ја предаде донацијата на вакцините на Фајзер на Северна Македонија, но се чека дозвола на тој американски производител, изјави премиерот на Србија, Ана Брнабиќ, јави дописникот на МИА од Белград.

Таа објасни дека договорот меѓу Србија и Фајзер предвидува дека вакцините не можат да се извезуваат.

-Имаме одредени количини на вакцини наменети за донација во Северна Македонија, единствено што се чека е техничката документација, односно официјалното одобрување од Фајзер дека нивните вакцини можат да бидат донирани, изјави Брнабиќ.

Таа посочи дека разговарала со директорот на „Фајзер “за да добијат одобрување за донацијата што е можно поскоро, а оти претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги повлекол личните врски со САД за да ја добијат таа согласност.

-Се надеваме дека сè ќе се заврши во следните неколку денови, истакна премиерката Брнабиќ.

Испораката на вакцини во Северна Македонија како донација од Србија, која беше најавена за четврток, 11 февруари, е одложена за следните неколку дена, соопштија синоќа од Претседателството на Србија.

-Поради неопходност од набавка на дополнителна техничка документација, испораката на вакцини во Република Северна Македонија е одложена. Вакцините ќе и бидат предадени на Северна Македонија во наредните денови, се наведува во соопштението.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сведок во „Таргет-Тврдина“: Горан Грујевски инсистирал да се формира Комисија за поништење на опрема од УБК

Редакција

Кој каде води: Детален преглед според ДИК од една третина од гласовите

Редакција

Што предвидуваат Уставот и собранискиот Деловник по оставката на Заев и кога Ковачевски ќе стане нов премиер

Редакција