еМагазин
Image default
Македонија

Османи: Да се најде консензус за избори на почетокот на јули

Изборите денеска ни се многу повеќе потребни отколку во декември минатата година, кога со консензуз се одлучивме дека ќе имаме предвремени избори. Но, во исто време изборите имаат смисла само доколку граѓаните навистина имаат избор да ги бираат претставниците кои ќе ги претставуваат во парламентот, истакна на денешната прес-конференција високиот функционер на Демократската унија за интеграција (ДУИ) и вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи.

– Демократијата не препознава политички натпревар во кој се натпреварувате самите со себе. Без учество на релевантните политички фактори изборите во овие услови ќе претставуваат само нова политичка криза која по првило кај нас се претвара во институционална криза за потоа да стане и закана за евентуална безбедносна криза. Би било исклучително неодговорно ако тоа го дозволиме, рече Османи.

Toj потенцираше дека треба да се искористи овој ден, оставајќи ги партиските и политичките тактики за да се најде консензус за избори на почетокот на јули.

– Мислам дека разликите се мали меѓу политичките партии и е прашање на денови. Не смееме да дозволиме државата да влезе во  длабока политичка криза заради разликата од два-три дена дали порано или подоцна, рече Османи.

Тој посочи дека денеска сме исправени пред нов предизвик како да ја заокружиме оваа неприродна состојба без да се предизвика нова политичка криза која, како што рече, не ни е потребна.

Османи додаде дека завршувањето на вонредната состојба не значи дека е завршена епидемиолошката закана и потребата за ефикасно справување со последиците од пандемијата, туку напротив, потребна е стабилна и одговорна влада и политичко мнозинство кое во целост ќе ја преземе одговорноста за сите предизвици  што се пред нас.

Тој упати апел до лидерите на политичките партии да ги замрзнат изборните тактики и да и дадат приоритет на сериозноста во која се наоѓаме.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Спасовски: Избори мора да има

Заев: Отстапувам од петти и согласен сум изборите да се одржат на 8 јули

Заев и Мицкоски не се договорија за датум за избори

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Гордана Јанкулоска осудена на 4 години затвор за случајот „Таргет-Тврдина“

Редакција

Предметот за Муареми ќе го работи Стефанова, а Коларевиќ за „Виа комерц“: Обвинителство ги распореди предметите на Русковска

Редакција

28-годишната девојка која беше во болница поради тромбоза по примена вакцина „АстраЗенека“ е добра, ќе биде пуштена дома

Редакција