еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Пукаше по случаен избор, легнав врз мртви другарчиња за да помисли дека сум мртва: Страотни сведоштва за најцрниот ден во Србија

За „најцрниот ден во Србија„ кога во престрелката што се случи утрово во ОУ „Владислав Рибникар“ во центарот на Белград, ученик стар 14 години пукаше во учениците и обезбедувањето, уби девет лица, осум деца и припадник на обезбедувањето, рани седум лица, од кои шест деца и еден учител, сведоштвата на преживеаните се страотни, јави дописникот на МИА од Белград.

-Почна да пука по случаен избор, имаше два шаржери во раката, прво го застрела наставникот по историја, а потоа продолжи понатаму. Уби двајца наши другарчиња, јас легнав врз нив, за да помисли дека сум мртва.

Излезе од училницата, истрелите се уште се слушаа. Кога станав го видов мртвиот Драганче, раскажа за Нова ученичка сведок на настанот.

Исто така страотно е сведоштвото на друга преживеана ученичка од ОУ Владислав Рибникар.

-Застрела еден ученик во нога, потоа исто така и едно девојче, како и две деца кои преживеаа, беше навистина сташно. Јас бев на физичко и чув како пука, непрекинато, не еден по еден истрел, туку непрекинато, но незнаев што се случува и комунициравме преку пораки. Но некои деца не ни одговараа на пораките и ние бевме многу уплашени.

Еден од родителите на преживеаните деца исто така даде изјава за медиумите.

-Сите ние родители сме во шок. Но моето дете неможете да замислите што доживеа. Таа виде човек како паѓа, слушна истрел, почна да бега мислејќи дека ќе биде бркана и застрелана, кажа еден од родителите.

Таткото на девојче кое за време на пукањето истрчало од училницата вели дека таа му рекла дека тоа е нивен соученик, инаку одличен ученик, кој со студен израз на лицето влегол во училницата и пукал.

-Ќерка ми беше во тој клас, беше во училницата каде тоа момче ги испука првите истрели кон учителката, а потоа почна да пука во децата кои беа под клупите, а моето дете истрча надвор, изјави овој татко за Н1, додавајќи дека тогаш имале час по историја.

Едно од ученичките која е во болницата во Тиршова е во животна опасност и се уште е на операција. Лекарите се борат за нејзиниот живот, соопшти Н1, која наведува дека директорот на Тиршова ќе им се обрати на новинарите откако ќе заврши операцијата.

Две момчиња кои имаат прострелни рани на долните екстремитети се на лекување во Тиршова и се надвор од животна опасност. Станува збор за ученици од седмо одделение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Во живо) Официјално: Осум деца и чуварот убиени од 14-годишник во училиште во Белград

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарските барања засега не се вклучени во преговарачката рамка, се чека исходот од состанокот во Берлин

Редакција

Државна ревизија открива: Владата кратела пари од правосудството за да си додели себе си

Редакција

Димитров: Македонската преговарачка позиција е ослабена, ние направивме една отстапка, без притоа Бугарија да одговори со нешто

Редакција