еМагазин
Image default
Балкан

Од утре прекин на работата во училиштата во Србија

Главниот одбор на Самостојниот синдикат на просветните работници на Србија (НСПРС) одлучи од утре да ја прекине работата во сите училишта во Србија. Потегот е преземен по денешниот вооружен напад врз ученици и наставници и училишен персонал во Белград, пренесе Бета

Одлуката е донесена врз основа на Законот за безбедност и здравје при работа, бидејќи на вработените во образованието им се заканува непосредна опасност по нивниот живот и здравје, се вели во соопштението.

НСПРС изразува сочувство до семејствата на жртвите, а на повредените им посакува брзо и успешно закрепнување.

НСПРС бара итно разрешување на министерот за образование Бранко Ружиќ, „поради одговорноста за денешната трагедија во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, во која загинаа неколку лица.

НСПРС посочува дека постојано бара од Министерството за образование „наместо да ги шминка постојните прописи, да преземе опсежни мерки за зголемување на безбедноста во училиштата, што министерот и Министерството ги игнорираа“.

Поради трагедијата во ОУ „Владислав Рибникар“ во белградските основни училишта нема да има настава попладне, потврдија за РТС од Министерството за образование.Во училиштата ќе има само дежурен кадар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пукаше по случаен избор, легнав врз мртви другарчиња за да помисли дека сум мртва: Страотни сведоштва за најцрниот ден во Србија

(Во живо) Официјално: Осум деца и чуварот убиени од 14-годишник во училиште во Белград

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео+Фото) Скандал во Грција: Во Парламентот со Зеленски се обрати и борец на нацистичкиот батаљон Азов

Редакција

Грција ќе се штити од пожари со дронови

Редакција

(Вознемирувачко видео) Полицаец ладнокрвно уби колега во полициска станица во Тирана

Редакција