еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Април 2023 постуден и поврнежлив во споредба со многугодишните просечни вредности

Минатиот месец, април 2023-та, е постуден и поврнежлив во споредба со многугодишните просечни вредности, покажуваат мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во земјава.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), средномесечната температура изнесуваше од 4,4 степени во Маврово до 12,7 во Гевгелија. Споредено со просечните априлски средномесечни температури, за триесетгодишен период (1991-2020), овогодинешната беше 1,3 степени под државниот просек.

-Средната максимална температура варираше од 9,1 степени во Маврово до 18,8 во Гевгелија. Највисоката максимална температура беше измерена на 30 април во Гевгелија и изнесуваше 25,6. Забележена е појава на мраз на 06 и 07-ми во месецот.

Средната минимална температура варираше од 0,3 степени во Маврово до 7,6 во Гевгелија. Најниската минимална температура во текот на месецот беше измерена во Маврово, на 7 април и изнесуваше -6,6 степени. Месечната сума на врнежи изнесуваше од 55 милиметри во Охрид до 131 милиметри во Маврово, наведува УХМР.

Врнежите беа од дожд и снег. Максимално дневно количество на врнежи од дожд, 50 милиметри, беше регистрирано во Демир Капија на 4 април, додека максимална снежна покривка од 28 сантиметри беше измерена на Попова Шапка на 10 април.

Според УХМР, споредено со априлската просечна вредност за многугодишен период (1991-2020), измерената месечна сума на врнежи беше 25 милиметри или 48 отсто над просечната на ниво на држава.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новинарот на Канал 5 имал контакт со член од семејството кој е позитивен на корона вирусот

Редакција

Почина македонскиот актер Славко Нинов

Редакција

(ВИДЕО) Доктор Стевчева објаснува кој треба да прими трета доза вакцина против Ковид-19

Редакција