еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео+Фото) Скандал во Грција: Во Парламентот со Зеленски се обрати и борец на нацистичкиот батаљон Азов

При вчерашното обраќање на украинскиот претседател Володимир Зеленски во грчкиот Парламент, на грчките пратеници преку видео кое го пушти Зеленски им се обрати и член на контраверзниот украински батаљон, Азов, пренесува дописникот на еМагазин од Солун.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Кој е одредот Азов, што го брани Мариупол и зошто им е важно на Русите да го освојат оваа украинско пристаниште

Станува збор за етнички Грк, кој се престави како Михаил и кој во своето обраќање рече дека бил член на контроверзниот Азов, кој го бранел Мариупол.

„Ви зборувам како човек со грчко потекло. Јас се викам Михаил. Мојот дедо се борел против нацистите во Втората светска војна. Роден сум во Мариупол и сега исто така се борам да го одбранам мојот град од руските нацисти“, рече тој.

Лидерот на СИРИЗА, Алексис Ципрас остро реагираше што на член на Азов му е дозволено да се обрати во грчкиот Парламент.

„Солидарноста со украинскиот народ е дадена. Но, не може да се дозволи нацистите да зборуваат во Парламентот“, напиша Ципрас на Твитер, додавајќи дека  „говорот беше провокација“, и дека грчкиот премиер Киријакос Мицотакис „сноси целосна одговорност“ за овој ден на „историски срам“.

Преку соопштение реагираше и Комунистичката партија, во кое праша зошто грчките пратеници не биле информирани дека во Парламентот ќе се обрати и припадник на Азов.

Јанис Иконому, портпаролот на грчката Влада изјави дека обраќањето на припадникот на Азов било несодветно, но не кажа кој ќе одговара.

Видео/фото: Собраниски канал/емагазин.мк

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Алкалоид регистрираше уште едно друштво во Хрватска

Редакција

Управата за извршување на санкции вработува 18 лица, плата до 24.402 денари

Редакција

Каков имот пријавил Љуљзим Алиу, разрешениот заменик министер за образование и наука

Редакција