еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

(Видео) Кој е одредот Азов, што го брани Мариупол и зошто им е важно на Русите да го освојат оваа украинско пристаниште

Контраверзниот украински баталјон Азов по руската инвазија на Украина, повторно е во фокусот на светската јавност.

Тој моментално е лоциран во украинското пристаниште Мариупол, кој е цел на секојдневни руски напади, а илјадниците жители кои не успеале да избегаат од него, со денови се без вода, струја, лекови, топлина…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Сателитски снимки од разурнатите украински градови Мариупол, Ирпин и Чернив

(Видео) Снимка од дрон од Мариупол сведочи за ужасот на војната во Украина

За Русите е битно да се освои Мариупол, кој има стратешка позиција, за понатамошен успех на нивната инвазија кон клучното пристаниште Одеса, со што Украина ќе остане без пристап на море, но и да го уништи овој батаљон, со што ќе ја оствари една од своите цели “денацификација“ на Украина, односно како што вели рускиот претседател Владимир Путин ќе се расчисти со “начистичките сили“ во Украина.

Како настанал

Полкот Азов, официјално Посебен одред за специјални намени „Азов“ е дел од Националната гарда на Украина, која е во рамките на украинското Министерство за внатрешни работи.

Одредот бил формиран на 5 мај 2014 година за време на украинската криза како доброволен баталјон „Азов“, под команда на Андреј Билецки, а во него доминирале претежно фудбалски хулигани.

Единицата во октомври 2014 година броела околу 800 припадници.

Каде му е седиштето

Седиштето на единицата е во Мариупол, Донецка Област, но бидејќи градот е под контрола на самопрогласената ДНР (иако де јуре Украина го смета за своја територија), привремено е сместена во селото Урзуф, близу Мариупол, како и во Бердјанск и во престолнината Киев.

Сегашната ознака на единицата се користи од август 2015 година и на неа е прикажан симболот „Идеја на нацијата“, поврзан со германскиот симбол Волфсангел, претходно користен и во нацизмот.

Озголасен полк

Полкот Азов станал озлогласен по обвинувања за тортури и воени злосторства, како и поради симпатиите на нејзиното членство кон нацистичката идеологија.

Поради ова во 2018 година Конгресот на САД ја прекинал воената помош од донација на опрема, тренинг или каква било друга поддршка за единицата.

Единицата служела и за подлога за формирање на крајно-десничарската политичка партија во Украина, Национален корпус, во октомври 2016 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Вознемирувачко видео) Украина објави снимка од убиени руски „саботери“ во Киев

(Вознемирувачко видео) Русите употребија солзавец против Украинците кои протестираат во окупираниот Херсон

Користени материјали од Википедија/Видео: CRUX

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Низ Македонија приведени 37 лица поради непочитување на забраната за движење

Редакција

Пад на прометот и на бројот на трансакциите на Македонската берза лани

Редакција

Мицкоски: Не поддржувам аболиција

Редакција