еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео) Грчките медиуми „полудеа„ по Стефанос Каселакис, новиот лидер на СИРИЗА

Наместо огромната штета од двете невремиња кои за три недели ја погодија Грција, ударна вест во грчките медиуми е новиот лидер на СИРИЗА, Стефанос Каселакис, пренесува дописникот на еМагазин од Солун.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Едно лице почина: Во Грција по невремето се шират заразни болести

(Видео) Вознемирувачки снимки од Волос во Грција по невремето „Илиас“

Тој, неговиот партнер Тејлор, и неговото семејство, се следат буквално насекаде, додека одат по кафе, во продавница, на улица, во теретана… речиси секоја дебатна и забавна емисија е за него, а од Атина продолжија да го следат и на островот Спецес каде има куќа.

Каселакис им дојде како кец на десетка на бројните провладини медиуми, кои наместо со вистинските проблеми на грчките граѓани се занимаваат пред со приватниот живот на новиот лидер на најголемата опозициска партија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Стефанос Каселакис, новиот лидер на СИРИЗА

Тој заедно со неговиот партнер денеска ќе учествува на маратон таму, а неговата прва посета надвор од Грција ќе биде на Кипар.

Каселакис во ноември ќе треба да почне со служење воен рок, а првиот предизвик за него и СИРИЗА ќе го има веќе следната недела, кога во Грција се одржува првиот круг од локалните избори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новиот лидер на СИРИЗА, Стефанос Каселакис ќе оди во војска

На последните парламентарни избори партијата имаше лош резултат, по што лидерот Алексис Ципрас поднесе оставка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Морето од невремето на островот Евија во Грција стана црвено

(Видео) Вознемирувачки снимки од Волос во Грција кој го погоди и новото невреме „Илиас„

Фото/видео: Каселакис

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

УЈП продава запленети автомобили, камиони и автобуси по багателни цени за да наплати данок

Редакција

Од утре трета доза ќе може да примаат граѓаните над 60 години, здравствените работници и лица со имунолошки болести

Редакција

Кривичен: Апелациja наместо административно да ги враќа предметите, има законска можност, но и обврска, мериторно да одлучува

Редакција