еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Кој е Стефанос Каселакис, новиот лидер на СИРИЗА

Бизнисменот Стефанос Каселакис (35) е новиот лидер на грчката опозициска партија СИРИЗА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стефанос Каселакис е новиот лидер на СИРИЗА

Тој доаѓа на местото на Алексис Ципрас, кој по 15 години пред три месеци поднесе оставка од челната позиција во партијата, по лошите резултати на последните парламентарни избори во Грција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Грчките медиуми „опседнати“ со Стефанос Каселакис, можниот нов претседател на СИРИЗА

Кој е Каселакис

Роден е во Маруси, Грција во 1988 година, пренесува дописникот на еМагазин од Солун.

Според неговата официјална биографија на 14-годишна возраст емигрирал во САД. Добил стипендија да заврши средно училиште во Масачусетс, откако претходно освоил сребрен медал на натпреварот „Архимед“ на Грчкото математичко друштво и ја преставувал Грција на балкански натпревар.

Дипломирал на отсекот финансии на Факултетот за бизнис во Вартон, а има и диплома за меѓународни студии.

Во САД волонтирал и во тимот на тогашниот сенатор Џо Бајден (сега претседател на САД) за претседателските избори во 2008 година.

Работел и во надворешно-политичкиот тинк-тенк „Центар за стратешки и меѓународни студии“ во Вашингтон, САД.

За време на економската криза во Грција, тој ја основаше непрофитната онлајн платформа „CVfromGreece“, преку која им помагаше на младите да ги подобрат своите биографии за апликации за работа или студирање во странство.

Каселакис живее во Мајами, САД.

Зборува англиски, германски, француски и шпански јазик.

Од 2015 година е активен во областа на шпедицијата. Има своја бродска компанија “Свифт Булк“.

Важи за голем пријател на животните и голем борец за еднаквост и социјални права.

Исто така тој е отворено геј, а во јавноста се појавува со неговиот партнер Тејлор од САД, кој е медицински техничар и со кого е во заедница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ципрас поднесе оставка од лидерската позиција во СИРИЗА, нема да се кандидира за нов мандат

Фото: Фејсбук/Каселакис/Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Многу топло време со високи температури до 6 август, долж Повардарието над 42 степени

Редакција

Новите мутации нема да предизвикаат нова пандемија на коронавирусот, вели директорот на европската канцеларија на СЗО

Редакција

Денеска нов обид за евакуација на цивили од Киев, Суми, Харков, Чернихив и Мариупол

Редакција